Контакт телефон +389 (0) 2 2532 000

Кампања "ЈАС ВНИМАВАМ"


Нова кампања за подигнување на свеста за безбедност во сообраќајот "ЈАС ВНИМАВАМ"


Со оглед на тоа што луѓето се речиси ненамерно склони кон правење грешки и сообраќајни прекршоци, човековото однесување е од посебен интерес за професионални дебати во областа на безбедноста на патиштата. Токму овде се вклопува нашата кампања за безбедност во сообраќајот наречена "ЈАС ВНИМАВАМ"! 

На 24 март, 2017 година, ОКТА официјално ја започна националната кампања наречена "ЈАС ВНИМАВАМ" чија цел е подигнување на свеста за безбедноста во сообраќајот. Во соработка со Министерството за внатрешни работи, кое безрезервно се приклучи во кампањата, секој месец ќе биде посветен на некои од најчестите проблеми во сообраќајот како што се возење под дејство на алкохол, употреба на заштитни шлемови за мотоциклисти, употребата на безбедносен појас за возачите, почитување на ограничувањата на брзината пропишана на сообраќајните знаци, употреба на детски седишта, како и соодветна зимска опрема. Покрај тоа, многу јавни личности ќе учествуваат во месечните активности за да ни помогнат да ја прошириме нашата мисија и да овозможиме што е можно повеќе граѓани да ја слушнат нашата порака, нашиот повик за поголема безбедност во сообраќајот.

Со донирање едукативни сообраќајни полигони во основните училишта ширум земјава, обука, боенки со информативна содржина за сообраќајните правила, организирана претстава за деца за безбедноста во сообраќајот, Кампањата ќе ги опфати и најмладите учесници во сообраќајот. Како дел од активностите на кампањата, ќе се доделуваат награди на најсовесните возачи.

Со кампањата "ЈАС ВНИМАВАМ", ние веруваме дека со подигнување на општествената свест за лична и колективна безбедност во сообраќајот, ќе придонесеме за креирање на одржлива култура за побезбедни сообраќајници, со што ќе се овозможи намалување на сообраќајни прекршоци и незгоди на кои сме сведоци секој ден.

Следете не на Facebook.com/JasVnimavam