Контакт телефон +389 (0) 2 2532 000

ОКТА ја поддржа хуманитарната трка ,,Подај Рака” за лица со Вилсонова болест




(Скопје, 14.10.2015)
Како дел од својата општествено одговорна стратегија, ОКТА учествуваше во организирање на хуманитарната трка ,,Подај Рака”поттикната од Здружението на граѓани за поддршка на лица со ретка болест – Вилсон.
На 3-ти октомври, група на вработени од ОКТА учествуваа на штафетната трка која се одржа во Скопје заедно со останатите волонтери од Здружението Вилсон.
Целта на овој хуманитарен настан беше да се подигне свеста кај општата и стручната јавност за прашањата поврзани со Вилсоновата болест, собирање на средства за набавка на препарати за дијагностика и следење на Вилсоновата болест, како и поттикнување на што поголем број луѓе на рекреација во насока на подобрување на општата психофизичка состојба.