Контакт телефон +389 (0) 2 2532 000

ОКТА – традиционален донатор на книги за библиотеката во Општина Илинден




(09.04.2015) - Поддршката на локалната заедница од која се дел ОКТА и нејзините вработени се реализира во повеќе различни полиња. Последна таква акција беше учествувањето во традиционалната манифестација „Книга за Велигденско јајце – симбол на Христовото воскресение”, организирана од Општина Илинден. Компанијата ја поддржа акцијата со донацијата на бројни наслови од најновата домашна и странска белетристика со што значително ја збогативме општинската библиотека.

На настанот кој е интересен спој на образованието, креативноста и традицијата, за секоја подарена книга посетителите добиваа украсено Велигденско јајце. Учеството во локалните манифестации е уште еден доказ за добрата соработка меѓу Општина Илинден и ОКТА.