Контакт телефон +389 (0) 2 2532 000

Вработените на ОКТА донираа за поплавените подрачја од земјава

Вработените на ОКТА донираа за поплавените подрачја од земјава

(13.02.2015) Вработените во ОКТА повторно ја покажаа својата хуманост со цел да помогнат на оние на кои помошта им е најпотребна. Имајќи ги предвид состојбите предизвикани од поплавите во источниот и јужните делови од земјава, вработените самоиницијативно се организираа и покренаа акција за помош на граѓаните кои се погодени од поплавите. Собраните финансиски средства ги наменија за набавка на најнеопходни производи за семејствата чии домови беа поплавени.

Оваа хуманитарна акција беше организирана со поддршка од Црвениот Крст на ОКТА, Синдикатот и Активот на жени на ОКТА.