Контакт телефон +389 (0) 2 2532 000

Донаторски ден во ОКТА




Донаторски ден во ОКТА


(Скопје, 09.11.2016) – Донација на парични средства и крводарителска акција беа активности на вработените во ОКТА како поддршка на кампања за борба против гладот „Помислете на нас“ организирана од страна на Црвениот крст на Град Скопје. Во хуманитарна акција која традиционално ја организираат вработените во компанијата тие доброволно се откажаа од дневните купони за храна. Собраните средства ги донираа во Црвениот крст на Град Скопје од каде прехранбени продукти ќе се набават и дистрибуираат до семејствата и граѓаните кои се во тешка социјална положба. Во исто време вработените ја покажаа својата хуманост и преку крводарителска акција која беше организирана во рамки на компанијата.

„Кога имаме хуманитарни активности поттикнати од самите вработени одзивот е секогаш голем. Горди сме на иницијативите кои доброволно ги превземаат нашите вработени и со тоа ја поддржуваат општествено одговорната компонента на компанијата.“, изјави Марија Ставрева, менаџер за корпоративна општествена одговорност и комуникации во ОКТА.

Компанијата ОКТА заедно со своите вработени, редовно ги спроведува овие донаторски активности како поддршка на глобалната кампања за борба против гладот.