Контакт телефон +389 (0) 2 2532 000

ОКТА ги пренамени новогодишните корпоративни подароци во донација за две посебни основни училишта



ОКТА ги пренамени новогодишните корпоративни подароци во донација за две посебни основни училишта


(Скопје, 27.12.2017) – Сите средства наменети за корпоративни подароци, компанијата ОКТА ги искористи за набавување логопетски сетови за посебните основни училишта Иднина и Златан Сремец. Со тоа, компанијата ја продолжува традицијата во претпразничниот период со соодветна донација да ги помогне училиштата каде се згрижени деца со посебни потреби.

Донираните сетови содржат елементи за аудио и визуелен третман со дигитална компјутерска поврзаност што е од голема важност за развој и третман на оваа категорија деца. Од училиштата ја поздравуваат донацијата објаснувајќи дека логопетскиот сет е неопходен за терапија на говорот кај децата во развоен период и во третирање гласови, зборови, реченици и содржина на текст. Со овој вид третман се опфаќаат сите категории попреченост во развојот на ученици со интелектуална попреченост, мултихендикеп и аутизам. Со редовен и технички поддржан третман кај децата во развојниот период, резултатите може да бидат исклучително позитивни во експресивниот говор.
Од компанијата изјавуваат дека со оваа донација веруваат дека значајно ќе придонесат во унапредување на едукативниот и развоен процес кај децата од овие две училишта.