Контакт телефон +389 (0) 2 2532 000

Обезбедување на квалитет

Обезбедување на квалитет

Особено ни е важно за нашите клиенти да обезбедиме производи кои се во согласност со највисоките стандарди. Преку строги процедури за контрола на квалитетот и технолошки напредна инфраструктура, го гарантираме квалитетот на горивото кое го нудиме. Одржувањето на стандардите за квалитет на горивото низ синџирот на снабдување, го водиме преку сериозен режим на тестирања, со ангажирање на независна лабораторија, како и тестирање во рамките на компанијата во акредитираната лабораторија на ОКТА. 

Обезбедувањето на квалитетот на нашето гориво го постигнуваме преку спроведување на тројна контрола: првата - во рафинеријата каде горивото се товари, пред да биде транспортирано; втората - откако горивото ќе пристигне во инсталациите на ОКТА; додека пак третата контрола се врши пред горивото да биде доставено на пазарот. 

Нашиот систем за управување на квалитетот обезбедува оперативна конзистентност и транспарентност низ сите нивоа на управување, од основните до придружните процеси и е регулиран со нашата Корпоративна политика за квалитет



Лабораторијата на ОКТА

Опремена со најсовремени апарати, лабораторијата на ОКТА е прва во земјава акредитирана по меѓународниот стандард EN ISO/IEC 17025. Во неа се вршат лабораториски анализи според глобално признаени стандарди и методи како што се EN, ISO, ASTM и IP, а истата располага и со 50 акредитирани методи. Покрај тестирање на квалитетот на нафтени деривати, лабораторијата е опремена да врши анализа и на други флуиди како што се масла, вода и слично. 

Почнувајќи од 2006 година кога е добиен првиот сертификат за акредитацијата од страна на Институтот за акредитација во нашата земја (IARM), лабораторијата редовно се стекнува со нова реакредитација. Според Proficiency Testing Scheme - меѓулабораториските споредби организирани од Институтот за интерлабораториски студии од Холандија, лабораторијата на ОКТА континуирано добива одлични резултати за професионална изведба на лабораториските тестирања. 

Функционирајќи независно, лабораторијата на ОКТА врши услуги за лабораториски анализи и за надворешни компании и државни институции во земјава и регионов.