Контакт телефон +389 (0) 2 2532 000

Корпоративна општествена одговорност

Како дел од корпоративната стратегија, ОКТА е посветена да возврати и придонесе на значаен начин за општеството каде што работиме и живееме. Со самиот факт дека сме една од најголемите компании во земјава, веруваме дека со користење на нашите ресурси и работна сила, можеме да придонесеме и влијаеме за доброто на целата заедница. Ја препознаваме одговорноста да бидеме добар корпоративен граѓанин и затоа сме посветени на постигнување видливи и мерливи бенефити за нашите вработени, нашите клиенти и поширокото општество.
Важна улога во општествено-одговорниот концепт на компанијата, имаат и нашите вработени, кои често доброволно иницираат и се вклучуваат во хуманитарни активности.

Во овој контекст, помеѓу позначајните иницијативи на ОКТА во текот на 2016 година се вбројуваат следниве:

  • Успешно завршување на националната кампања "Шанса за живот" започната од ОКТА во 2014 година. Компанијата, како главен донатор, иницираше кампања со цел да се подигне свеста и да се подобрат условите на Одделот за интензивна нега на Клиниката за детски болести во Скопје, каде што се примаат предвреме родените бебиња и деца со здравствени проблеми. Кампањата беше многу добро прифатенa од страна на јавноста, преку активно учество со донации и поддршка од страна на илјадници граѓани, компании и организации.
  • Поддршка на Проектот за Млади Лидери, спонзорирање на машки и женски кампови со цел да им се даде можност на младите луѓе од различна социјална и етничка припадност да станат активни лидери во општеството, да ги елиминираат културните бариери и да се поттикнат да придонесуваат во нивните заедници.
  • Спонзорство за Меѓународниот Симпозиум "Енергетика 2016", во организација на ЗЕМАК, со што се промовираше развојот на млади професионалци во областа на науката.
  • Учество на женскиот тим на ОКТА во Женска Трка организирана со цел да се подигне свеста за здравјето на жените.
  • Поддршка на културни активности преку спонзорирање на познати музички фестивали како OFF-Fest, Скопски џез фестивал, Охридско Лето и Модоарс.
  • Финансиска поддршка за изградба на Центар за аутизам во Општина Аеродром,проект инициран од страна на Здружението "ВО МОЈОТ СВЕТ".
  • Поддршка за реализација на хуманитарниот настан Светски Пикник во организација на Совет на странски инвеститори.
  • Донација на книги за библиотеката во Општина Илинден и разни донации за поддршка на општинските активности.
  • Финансиска поддршка на Јуниорскиот кошаркарски тим на МКФ.
  • Донација на гориво на Град Скопје со цел обезбедување на непречено работење на механизацијата, ангажирана во областа погодена од поплавите. Покрај ова, ОКТА донираше финансиски средства за набавка на најнеопходни производи за загрозените семејства. Истовремено, вработените на ОКТА доброволно организираа хуманитарна акција за да им помогнат на своите сограѓани.
  • Донација за организацијата на хуманитарната трка за поддршка на луѓето со ретка болест Вилсон.
  • По повод Светскиот ден за борба против гладот, вработените во OKTA ги донираа своите купони за оброк на “Црвен крст - Скопје”со цел да се обезбеди храна за социјално ранливите семејства.
  • Донација на велосипеди и кациги за децата од СОС Детско село.
  • Донација на интерактивни табли за децата со посебни потреби во училишта Иднина и Златан Сремец.
  • Црвен крст при ОКТА три пати годишно организира крводарителски акции во просториите на компанијата, каде покрај вработени и менаџерскиот тим, крв даруваат и жителите од околните села.