Контакт телефон +389 (0) 2 2532 000

Управување со квалитет, здравје, безбедност и животна средина


Наша долгорочна посветеност е континуирано подобрување на квалитетот на нашите производи и услуги, водејќи грижа истовремено за луѓето и животната средина. Во ОКТА ставаме посебен акцент на обезбедување на здравје и безбедност при работа, заштита на животната средина, зголемување на квалитетот на работењето на компанијата и грижа за заедницата. Оваа наша заложба е во корист на сите наши клиенти, нашите вработени и партнери, нашите акционери, како и заедницата каде живееме и работиме. 

Имајќи проактивен пристап кон управувањето со овие области, ОКТА воспостави свои корпоративни политики за Квалитет и ЗБЖ. Воспоставувањето на овие политики обезбедува одржување на високи стандарди за нашето влијание врз екосистемите и континуирано воведување иновации. Фокусирани сме кон постигнување одржлив развој и применување на напредни практики кои ги подобруваат условите во средината каде ОКТА функционира. 

Компанијата ОКТА го помина процесот на сертификација и се стекна со сертификат за успешна имплементација на следниве стандарди:

  • ISO 9001 – Управување со квалитет
  • ISO 14001 - Управување со животна средина 
  • OHSAS 18001 –Управување со здравје и безбедност при работа