Контакт телефон +389 (0) 2 2532 000

ЕУРОДИЗЕЛ БС

ЕУРОДИЗЕЛ БС

Високиот квалитет на Еуродизел БС што го нудиме ги исполнува строгите барања на најновите Европски регулативи за квалитет на гориво EN 590, односно МКС ЕN 590. Обезбедува максимални перформанси на возилото, правилно стартување и беспрекорно функционирање на моторот дури и при екстремно ниски температури. Зимата не е единственото време кога Еуродизел БС го докажува својот квалитет туку овозможува перфектна работа на моторот на возилото, со оптимална моќност, намалена потрошувачка на гориво и емисија на штетни гасови во текот на целата година.

Нашето дизел гориво заштитува од корозија на моторот, абразија и создавање смоли, и затоа е идеално гориво за најнапредните системи за вбризгување со висок притисок, како и за традиционалните дизел мотори. Тоа овозможува моторот на Вашето возило да работи рамномерно и беспрекорно со што се продолжува неговиот животен век. Содржината на сулфур, која е помала од 10 ppm, придонесува за ниски емисии на загадување, на тој начин зачувувајќи ја животната средина. 

Главни карактеристики:
- Одлична хемиска стабилност
- Врвни карактеристики на согорување
- Висок цетански број кој придонесува за полесно стартување на моторот
- Без механички нечистотии и без присуство на вода
- Квалитет наменет за ниски зимски температури со одлична филтрабилност и на температури под -150С