Контакт телефон +389 (0) 2 2532 000

Практикантска програма

Како дел од активностите за зајакнување и подмладување на своите човечки капацитети, ОКТА спроведува практикантска програма два пати годишно. Студенти од различни факултети кои се блиски и сродни со оперативните дејности на ОКТА имаат можност да бидат дел од работната атмосфера на компанија и да стекнат искуство за понатамошните предизвици во нивната професионална кариера. На овој начин ОКТА добива свежи и иновативни идеи од високообразовани млади луѓе, додека најнадежните кандидати добиваат можност да се приклучат на нашиот тим.

Кандидатите се избираат според нивните квалификации, заложби и постигнати резултати во текот на академското образование. Селекцијата на студентите се одвива во неколку фази, во кои се цени нивниот ентузијазам, амбиција и желба за учење, унапредување и градење на професионална кариера. Во нивниот тримесечен ангажман, практикантите се целосно вклучени во работните процеси на ОКТА со полно работно време и под менторски надзор. За време на праксата компанијата обезбедува превоз и храна, како и дополнителен финансиски надомест.

Доколку сте заинтересирани да се вклучите во програмата, Ве молиме испратете ја Вашата кратка биографија на следнава емаил адреса: okta_career@helpe.gr 


Во рамките на "Практикантската програма 2021" во моментов се активни огласи за ангажман во Секторот за Административни услуги во ОКТА на студенти од следните факултети:

Универзитет Американ Колеџ – Скопје
Правен факултет “Јустинијан Први” – Скопје
Економски факултет - Скопје       
Машински факултет – Скопје
Технолошко-металуршки факултет - Скопје

 Огласите се активни до 09.08.2021 година.