Контакт телефон +389 (0) 2 2532 000

Здравје, безбедност и животна средина

  • Безбедност и здравје при работа
Постојаната грижа за здравјето и безбедноста на вработените, изведувачите и населението од околните места е приоритет од највисок степен за компанијата. Покрај следењето на највисоките стандарди од оваа област, поставивме мерливи индикатори на месечно и годишно ниво, коишто ни овозможуваат статистичко следење и анализирање на сите инциденти. За постигнување на поголема безбедност и усовршување на мерките на претпазливост постојано организираме обуки од областа на здравје, безбедност, животна средина и ППЗ. За нашите вработени обезбедуваме здравствени превентивни прегледи со одредена динамика, согласно проценетиот ризик на работното место дефиниран во Проценката на ризик на работни места со Изјавата за безбедност. Дополнително, воспоставена е и двонасочна комуникација со вработените кои даваат свои предлози за подобрување на безбедноста.

Противпожарна заштита
Во рамките на ОКТА функционира професионална противпожарна единица, која располага со две противпожарни возила и кадар секогаш подготвен да реагира брзо и навремено во случај на вонредни ситуации. Противпожарната единица ги спроведува сите превентивни мерки за заштита од пожар и екплозии, согласно законските обврски, како и поради специфичноста на работата.

  • Заштита на животната средина
Грижата за животната средина ОКТА ја покажува со постојано вложување во проекти за надградба на своите инсталации и поголема контрола на влијанието врз околината. За таа цел, компанијата ја изработи првата Seveso студија направена во земјата, која опфаќа мерки за безбедност на спречување и контрола на хавариите на опасни супстанции.

Следење на емисии во воздух
Со цел намалување на емисиите во воздухот компанијата инвестираше во неколку значајни проекти:
- OKTA е првата компанија која го инсталираше системот за намалување на емисиите од испарливи органски соединенија. Со поставувањето на оваа постројка за повраток и рекуперација на бензински пареи (VRU), како и надградбата на инсталацијата за долно полнење на авто цистерни се овозможи значително да се намали фугитивната емисија од испарливи органски соединенија во воздухот.
- Неодамна беше финализиран Проектот за инсталирање на котли за производство на пареа со моќност од 2.2 МW - со што е постигната значајна редукција на емисиите во воздухот. 

Управување со отпад
Со сите типови на отпад (индустриски, комерцијален и комунален) ОКТА постапува согласно законските обврски што подразбира селектирање, мапирање и предавање на отпадот на овластена фирма за понатамошна постапка. 
Отпадот од чистењето на базените на Пречистителната станица се изнесува, преработува/отстранува во Грција, согласно Базелската конвенција за контрола на прекуграничното пренесување на опасниот отпад и негово одлагање и други меѓународни прописи за постапување со отпадот и во тесна соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и Инспекторатот за животна средина. 


Управување со води
Управувањето со води опфаќа постојано следење и испитување на квалитетот на пречистената отпадна вода (која поминува низ пречистителна станица за отпадни води), подземните води и техничката вода. Согласно законските обврски, земање на примероци и анализирање на пречистената отпадна вода од пречистителната станица и техничката вода се врши од страна на надворешни акредитирани лаборатории, но секојдневно се анализира и во лабораторијата на ОКТА. 
На локацијата на ОКТА се инсталирани пиезометри за следење на квалитетот на подземните води. Земањето примероци од подземните води се врши од страна на надворешно тело, кои потоа се анализираат од страна на специјализирана акредитирана лабораторија.