Контакт телефон +389 (0) 2 2532 000

Цевковод

Инсталациите на ОКТА се поврзани со рафинеријата во Thessaloniki преку цевковод долг 213 км. Оваа инвестиција вредна преку 100 милиони долари, беше пуштена во функција во 2002 г. со цел пренос на сурова нафта. На почетокот на 2013г., со застој на рафинеријата, нафтоводот престанува со работа. Големи инвестициски проекти беа започнати за пренамена на постоечкиот нафтовод на сурова нафта во продуктовод со цел пренос на дизел директно до инсталациите на ОКТА. Проектот за чистење на нафтоводот е завршен и во тек е лиценцирање од страна на надлежните органи.
Со цевководот стопанисува компанијата VARDAX, подружница на EL.P.ET Balkaniki S.A., со седиште во Thessaloniki и канцеларии во просториите на ОКТА АД – Скопје.