Контакт телефон +389 (0) 2 2532 000

Фотоволтаични централи

Фотоволтаични централи

Во 2018 година ОКТА се стекна со лиценци за снабдување и производство на електрична енергија, издадени од Регулаторната комисија за енергетика. Следејќи ги глобалните трендови, но и сопствената визија, компанијата истата година започна со инвестиции во секторот за обновливи извори на енергија. Преку овој проект, ОКТА го продолжи процесот на трансформација во модерна енергетска компанија, која на своите партнери им нуди професионални услуги за снабдување со енергија и менаџирање на нивната потрошувачка. 

До сега, компанијата во употреба ги пушти следните фотоволтаични централи:

Конфекција и трикотажа АД Единство во Струмица, со капацитет од 100 kW
Седиште на ОКТА АД – Скопје, со капацитет од 50 kW
АД МОДА Свети Николе, со капацитет од 296 kW
Меѓународно училиште НОВА, со капацитет од 125 kW