Оваа политика за приватност го опишува пристапот на ОКТА АД-Скопје (во натамошниот текст: „ОКТА”) кон обработката на лични податоци и истата е подготвена со цел да Ве информира на транспарентен и јасен начин за тоа како ги собираме, користиме и обработуваме Вашите лични податоци, без разлика дали сте корисник на нашата веб-страница, купувач/потенцијален купувач, добавувач на добра и услуги, изведувач на проект, посетител во нашите простории, соработник, договорувач и сл. Личните податоци што се собираат и обработуваат од лица вработени на бензинските станици, дел од малопродажната мрежа со брендот ОКТА, иако во сопственост и управувани од страна на наши партнери се исто така предмет на оваа политика за приватност и обработката се врши согласно условите и мерките дефинирани во оваа политика.
ШТО СЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?
Лични податоци се информации кои се однесуваат на Вас како физичко лице, на пример: име и презиме, адреса, единствен матичен број, телефонски број, податоци за локација, електронска пошта, идентификатор преку интернет, односно личен податок е секоја информација преку која одредено физичко лице може да се идентификува директно или индиректно.
КОЈ Е ОДГОВОРЕН ЗА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?
ОКТА е дел од Хеленик Групацијата (HellenIQ Energy), водечка енергетска групација во регионот и оваа политика се однесува на сите лични податоци кои ги обработува ОКТА во рамки на своето делување како членка на оваа групација. ОКТА со седиште на ул. 1 бр.25 Миладиновци, Скопје е контролор на личните податоци кои се обработуваат преку оваа веб-страница и при користење на нашите производи. Оваа одговорност се однесува на сите начини на обработка, вклучувајќи ги податоците на нашите клиенти, посетители, договорувачи, соработници, возачи, како и на други лица чии лични податоци ги обработуваме во рамките на нашата деловна активност.
Доставувањето на било каква информација или содржина од страна на Вас како субјект на личните податоци е доброволно и е предмет на оваа Политика на приватност.
Со Политиката се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се предмет на обработка. Оваа Политика за приватност може да биде ажурирана. За сите промени ќе бидете известени на начин што го утврдува ОКТА, односно преку е-пошта или преку објавување на ажурираната верзија на оваа Политика на веб-страницата. За прашања поврзани со обработката на Вашите лични податоци, можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на личните податоци, Марија Пешевска-Станишиќ на следниот email: MPeshevskaStanishikj@helpe.gr и/или на телефонскиот број 02 2532 150. Со Вашето посетување на нашата веб страна, изјавувате дека сте запознаени и согласни со содржината на нашата Политика на приватност.
ЧИИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ОБРАБОТУВАМЕ?
Ние можеме да обработуваме податоци кои се однесуваат на овие категории на лица: •Посетители на нашата интернет страница https://www.okta-elpe.com/, •Купувачи/потенцијални купувачи - големопродажба •Изведувачи на проекти •Возачи на цистерни •Добавувачи на добра и услуги •Договорувачи •Соработници •Даватели на услуги кои се физички лица (консултанти) •Посетители во нашите простории •Купувачи/корисници на бензинската станица на ОКТА •Лица вработени на бензинските станици, дел од малопродажната мрежа со брендот ОКТА
КОИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ГИ ПРИБИРАМЕ?
Податоци собрани преку посетата на веб страницата: информации за поврзување/логирање, податоци за онлајн активност на корисникот, IP адреса на посетителот на веб-страницата, информации за уредот. Податоци за вработени кај даватели на услуги, купувачи и потенцијални купувачи, изведувачи на проекти, добавувачи на добра и услуги, договорувачи, соработници, кои се правни лица: име, презиме, адреса, контакт податоци (телефонски број, е-пошта), број на лична карта и работна позиција, правно лице, вид на договор и услуга, податоци за обезбедување на услугата. Податоци за физички лица даватели на услуги: име и презиме, адреса, ЕМБГ, податоци за исплата, вид на договор и услуга, податоци за обезбедување на услугата, финансиски и даночни податоци.
Податоци за идентификација на возачи на цистерни: име, презиме, телефонски број, регистарски таблички на возилото (цистерната), број на возачка дозвола, број на пасош и АДР дозвола.
Податоци собрани за време на процедурите во врска со изборот на добавувачи и соработници на Компанијата (тендерски постапки и постапки за евалуација) на економски оператори, овластени претставници, вработени, подизведувачи, контакт лица на економските оператори-своите агенти: име, презиме, возраст, работно искуство, информации за возилата кои се користат за транспорт на производите на компанијата (број на возачка дозвола, АДР дозвола, регистрација на возило, полиса за осигурување). Податоци кои се собираат при влез во просториите на ОКТА: број на лична карта или број на пасош, број на регистерски таблички на возило, време и дата на влегување и излегување. Податоци од видео надзор кои се собираат при посета на нашите простории. За вршењето на видео надзорот поставени се известувања во самите простории, како и општи информации во врска со видео надзорот. Податоци кои се собираат преку користење на услугите на нашата бензинска станица: име, презиме (доколку се потребни), информации за трансакција (на пример, начин на плаќање, износ) и контакт податоци ако се доброволно дадени. Вашите лични податоци ние ги обработуваме во согласност со позитивните законски прописи во Република Северна Македонија.
ОД КАДЕ СЕ СОБИРААТ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ?
Личните податоци се собираат директно од Вас, преку пополнување на разни форми на компанијата, размена на бизнис картички, преку телефон, преку документи кои ги праќате до Компанијата, преку електронска комуникација (веб страна, преку нашиот email: okta.info@helpe.gr) или кога на друг начин комуницирате со нас. Личните податоци се собираат и од други извори, на пример од трети страни со кои немате претходна комуникација или не сте во препознатлив однос. Дополнително за потребите на проценка на ризици и усогласеност компанијата може да прибира лични податоци и од трети страни, како што е LexisNexis.
ЗА КОЈА ЦЕЛ ГИ КОРИСТИМЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ? •За исполнување на договорните обврски и ефективно обезбедување на трговијата со цврсти, течни и гасовити горива и слични производи. •За управување со ризиците. •За исполнување на законските обврски за оданочување и сметководство, усогласување со регулативата за квалитет на производите. •За заштита на имотот на компанијата (објекти, инфраструктура, опрема, итн.) •За истражување и следење на однесувањето на Корисникот, неговите навики и интереси, за да се анализира ефикасноста на промотивните активности, заради статистички цели и заради подобрување на понудените услуги.
ПРАВЕН ОСНОВ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ Обработката на Вашите лични податоци секогаш се врши врз основа на соодветен правен основ, во согласност со важечките прописи. Правниот основ може да биде: •Исполнување на договор – Ова се однесува на случаите кога личните податоци се потребни за склучување, извршување и управување со договор меѓу ОКТА и нашите добавувачи, клиенти, соработници, договорувачи и сл. На пример, кога добавувач ни ги доставува податоците за своите вработени, возачи или овластени претставници за да можеме да ги извршиме договорните обврски меѓу нашите компании. •Вашата согласност – Ова се однесува кога Вие ги обезбедувате Вашите лични податоци и се согласувате ние да ги обработуваме заради маркетинг комуникација, информирање и промотивни активности, на пример:
1. ОКТА може да обработува и користи јавно објавени коментари, мислења или други содржини кои корисниците ги оставиле на официјалните профили на компанијата на социјалните мрежи (на пример Instagram, LinkedIn), исклучиво по претходно добиена експлицитна согласност од авторот на коментарот. Оваа согласност се однесува и на користење лични податоци за идентификација, преференци и контакт, со цел да се дознае кои услуги и маркетинг промоции би биле од Ваш интерес, како и за спроведување на маркетинг, промотивни или комуникациски активности. Согласноста секогаш се бара и документира пред каква било употреба. Вие имате право во секое време да ја повлечете согласноста и да побарате Вашиот коментар или лични податоци да не се користат понатаму, по што ние ќе постапиме без одлагање. Дополнително, за повлекување на согласноста за маркетинг понуди, можете да ни доставите информација на следниот email: MPeshevskaStanishikj@helpe.gr и да го контактирате нашиот Офицер за заштита на лични податоци. 2. Mоже да складираме одредени колачиња на Вашиот уред. Колачиња се мали текстуални датотеки кои се сместуваат во Вашиот уред од страна на веб страните кои ги посетувате. Може да поставиме аналитички колачиња (овие се исто така познати како колачиња за изведба и ја мерат/снимаат Вашата интеракција со нашата страница за да можеме да направиме подобрувања) на Вашиот уред. Ве молиме погледнете ја нашата Политика за колачиња на нашата веб-страница за повеќе информации за различните видови колачиња што ги користиме и нивната намена.
•Нашите легитимни интереси – Ова се однесува кога Вие ни ги обезбедувате Вашите лични податоци и ние ги користиме за следното: 1.Може да ги користиме Вашите лични податоци за да се осигураме дека нашата веб-страница функционира соодветно и е безбедна и сигурна. 2.Да одговориме на Вашите прашања и барања. 3.Остварување на било какви правни барања или за статистички цели. 4.Обезбедување на физичка сигурност, заштита на имотот преку системите за контрола на пристап до нашите простории и видео надзор. 5.Менаџирање на добавувачи на добра и услуги и други активности во врска со бизнисот, како и за внатрешни административни цели. 6.Мониторинг на усогласеноста со практиките и процедурите на Компанијата. 7.Управување со деловните операции и бизнис процеси, вклучувајќи планирање и организирање на работата, инвестиции, анализа и развој на продажбата. •За да почитуваме одредена законска обврска – Ова се однесува на пример кога ОКТА обработува и архивира лични податоци вклучени во договори со добавувачи/клиенти и сл. (име, презиме, потпис, позиции на овластените лица) со цел да ги исполни законските обврски според законодавството на Република Северна Македонија. Конкретно, ние сме обврзани со закон да ги чуваме договорите за одреден временски период, заради даночни, сметководствени и архивски цели.
КОЈ МОЖЕ ДА ИМА ПРИСТАП ДО ПОДАТОЦИТЕ?
Сакаме да истакнеме дека ОКТА ги обработува Вашите лични податоци со највисоко ниво на одговорност и транспарентност, при што истите никогаш не се продаваат, а пристап до нив може да имаат само овластени лица, членки на Групацијата или доверливи партнери и тоа исклучиво кога е неопходно за исполнување на законски обврски, договорни цели или легитимни интереси на компанијата, секогаш во согласност со важечките закони за заштита на личните податоци. Пристапот до личните податоци се контролира врз основа на принципот need-to-know, односно пристап ќе имаат само оние лица и сектори во ОКТА на кои им е тоа потребно за да ги извршуваат своите работни задачи, да обезбедат услуги или да ги исполнат законските и договорните обврски. Каде што е дозволено, ОКТА може да сподели некои од Вашите лични податоци, вклучувајќи ги и податоците собрани преку колачиња, за да ги усогласи и ажурира информациите што ги споделувате со нас, да изведува статистика врз основа на Вашите карактеристики и да ги прилагоди нејзините комуникации за Вас. Вашите лични податоци исто така може да бидат обработувани во наше име од страна на нашите доверливи добавувачи (трети страни). Ние секогаш се стремиме да обезбедиме дека сите трети страни со кои работиме ги чуваат Вашите лични податоци безбедни и ги користат исклучиво за целите за кои се доверени, согласно нашите писмени упатства и важечките закони. На пример, можеме да им довериме услуги што бараат обработка на Вашите лични податоци на: •Агенции за рекламирање, маркетинг, дигитални и социјални медиуми за да ни помогнат во спроведување на промоции, маркетинг и кампањи, како и за анализа на нивната ефикасност; •Трети страни кои ни помагаат во обезбедување на ИТ услуги, како што се даватели на платформи, услуги за хостирање, одржување и поддршка на нашите бази на податоци, како и на нашиот софтвер и апликации; •Независни трети страни, електрокомуникациски оператори, маркетинг партнери како и надлежни институции кои имаат законски овластувања кои може да ги користат личните податоци за свои цели. Нашиот однос со третите страни е уреден врз основа на правно обврзувачки договор со кој е регулирано дека се преземени соодветните мерки на безбедност и сигурност на Вашите лични податоци.
ПРЕНОС НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Личните податоци нема да се пренесуваат во трети држави надвор од Европската Унија, НАТО или Европскиот економски простор. Во случаите кога ОКТА пренесува лични податоци во трети држави надвор од границите на Европската Унија, НАТО или Европскиот економски простор се преземаат и применуваат соодветни мерки за заштита на Вашите податоци, како што се на пример, склучување на договори за обработка на личните податоци (стандардните договорни клаузули издадени од Европската Комисија или од Агенцијата за заштита на личните податоци, други договорни клаузули или заштитни механизми).
КОЛКУ ВРЕМЕ ЌЕ СЕ ЧУВААТ ПОДАТОЦИТЕ?
Вашите лични податоци ќе ги задржиме само онолку колку што е неопходно за исполнување на целите за кои се собрани, како и за исполнување на законските и деловните обврски. Периодот на чување го определуваме врз основа на неколку фактори, со цел да обезбедиме дека податоците не се чуваат подолго од потребното. Овие фактори вклучуваат: •Целта поради која ги обработуваме Вашите лични податоци; •Нашите законски и регулаторни обврски поврзани со тие лични податоци, на пример обврски кои произлегуваат од финансиското работење и поднесување финансиски извештаи; •Секое Ваше барање за бришење на Вашите лични податоци; и •Нашите легитимни интереси во врска со управувањето со нашите сопствени права, на пример, одбрана на какви било правни побарувања или за статистички цели. Кога повеќе нема да имаме потреба да ги користиме Вашите лични податоци, истите ќе бидат отстранети од нашиот систем и евиденција, или ќе бидат анонимизирани за повеќе да не можете да бидете идентификувани преку нив.
ПРАВА НА СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Еден од основните принципи на Законот за заштита на личните подтоци е заштитата на правата на субјектите на лични податоци. Во овој контекст, Вие како субјекти на лични податоци ги имате следните права: •Право да бидете информирани за обработката на Вашите личните податоци: Да бидете јасно и транспарентно информирани за тоа како и зошто се обработуваат Вашите лични податоци; •Право на пристап до личните податоци: Да добиете потврда дали и кои Ваши лични податоци се обработуваат и да добиете копија од тие податоци; •Право на исправка: Да побарате корекција на неточни и нецелосни лични податоци што се однесуваат на Вас; •Право на бришење (“право да се биде заборавен”): Да побарате бришење на Вашите лични податоци кога тие повеќе не се потребни за целите за кои се собрани, кога ја повлекувате согласноста или кога обработката е незаконска; •Право на ограничување на обработката на личните податоци: Да побарате ограничување на обработката на Вашите лични податоци во одредени случаи (на пример, кога ја оспорувате точноста на податоците или кога обработката е незаконска, но не сакате бришење и барате ограничување на нивната употреба, кога нема потреба да бидат повеќе зачувани од наша страна, но се потребни за остварување на Ваши правни барања, кога се спротивставувате на нивната обработка врз основа на наши легитимни интереси се додека не се потврди дека истите преовладуваат над Вашите интереси како субјект на лични податоци); •Право на приговор за обработката на личните податоци: Да поднесете приговор на обработката на Вашите лични податоци, особено кога обработката се заснова на легитимен интерес или се користи за целите на директен маркетинг; •Право да не бидете предмет на автоматизирано донесување одлуки, вклучувајќи профилирање: Да не бидете предмет на одлука која се базира исклучиво на автоматизирана обработка, освен ако тоа е неопходно за склучување или извршување на договор, дозволено со закон или се заснова на Ваша изречна согласност; •Право на преносливост на податоците: Да ги добиете Вашите лични податоци во структуиран машински читлив формат или да бидат пренесени на друга компанија, а кои се обезбедени на автоматизиран начин, врз основа на договор или Ваша согласност. За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на личните податоци Марија Пешевска-Станишиќ на следниот e-mail: MPeshevskaStanishikj@helpe.gr и/или на телефонскиот број 02 2532 150.
Барања за остварување на правата на личните податоци:
ПРАВО НА ПРИГОВОР ДО АГЕНЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Доколку сметате дека е нарушено Вашето право на заштита на личните податоци имате можност да поднесете приговор до Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) во врска со обработката на Вашите лични податоци. Приговорот можете да го поднесете преку поднесување на Барање до АЗЛП, преку електронската адреса: info@privacy.mk или преку на нивната веб-страница: https://dzlp.mk/prizlnlp.
ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ
Нашата цел е редовно да ја прегледуваме и ажурираме содржината на оваа Политика за приватност за да бидеме усогласени со релевантниите законски и регулаторни барања и истовремено да обезбедиме оптимална заштита на личните податоци. Секоја понатамошна измена на Политиката, согласно промените во процесите и активностите во компанијата ќе биде објавена преку оваа веб-страница.