ОКТА АД - Скопје како општествено одговорна Компанија посветена во постигање на високо ниво на усогласеност со законската регулатива и поддржувач во борбата против сите облици на незаконско, недозволиво и неетичко постапување, претставува активен промотор на процесот за заштитено пријавување со кое се заштитува јавниот интерес. Преку овој портал, сакаме да споделиме повеќе информации кои би биле од корист за сите лица кои би можеле да се јават во својство на Укажувачи. ШТО е Укажувач? Лице кое со добра намера врши заштитено пријавување согласно законот, анонимно или доверливо и врз основа на разумно сомневање во времето на пријавување дека информациите содржани во пријавата се вистинити. КОЈ може да се јави во улога на Укажувач? Лице што има сознание или разумно сомневање за дејствие кое е незаконско, недозволиво или неетичко а со кое Компанијата или нејзини вработени се директно или индиректно инволвирани или засегнати.
КАКО може да се изврши пријавувањето во Компанијата? Пријавувањето може да се изврши анонимно или доверливо (со наведување на вашите лични податоци) на следните начини: •со пополнување на Пријава и нејзина достава по е-маил или во хартиена форма по пошта на адресата на Компанијата адресирано до Овластеното лице за прием на пријави од укажувачи. •со испраќање на е-маил до Овластеното лице за прием на пријави од укажувачи. •лично, во просториите на Овластеното лице за прием на пријави од укажувачи.
*По извршеното пријавување, Вие ќе добиете повратен одговор најдоцна во рок од 15 дена за спроведената постапка со која се истражува Вашата пријава.
ШТО може да се пријави? Со користење на овој портал, можете да пријавите сознанија, информации или индикациии за неправилности или противзаконски дејствија од областа на конкуренцијата, корупција и перење на пари, случаи на конфликт на интереси, инсајдерска трговија, здравје, безбедност и заштитата, дискриминација и вознемирување, заштита на животната средина, недозволена употреба на алкохол и други недозволени супстанци, општествената одговорност, финансиско работење, заштита на имотот или било какво дејствие кое е спротивно на законската регулатива или отстапува од нормите на правилно и етичко однесување.
ЗАШТИТАТА е загарантирана согласно Закон! Сите Укажувачи треба да се информирани дека заштитата е загарантирана согласно Законот за заштита на укажувачи. Заштитата се однесува и на нивни блиски лица. *На Укажувачот не може да му се утврди одговорност, да биде санкциониран, да му престане работниот однос или да биде суспендиран или прераспределен на друго работно место кое е понеповолно, да биде дискриминиран или да претрпи било какво штетно дејство заради извршената пријава на нечие незаконито, неетично или недозволено дејствие.
ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ДЕКА: •Внатрешното истражување го врши Овластеното лице кое ја прима пријавата. Заради потребата од детално спроведување на внатрешна истрага, во зависност од потребата, Вашиот идентитет може да биде целосно или делумно обелоденет пред вработените лица кои учествуваат во истрагата. Тие лица имаат потпишано Изјава за доверливост на информации добиени преку процедурата за укажувачи и се должни да го заштитат и да го чуваат Вашиот идентитет во тајност. •Недозволување за откривање на Вашиот идентитет пред одредени лица може да придонесе за ограничување и намалување на квалитетот на истрагата. •Доколку пријавувањето го вршите анонимно, постои можност да не доставиме повратна информација за исходот од спроведената интерна постапка заради недостаток од Ваши податоци. •Доколку пријавениот настан резултира со судска постапка постои можност за откривање на вашиот идентитет во судската постапка. •Доколку информациите кои ги доставувате во Пријавата се лажни и неточни а очигледно е дека сте биле свесни во моментот кога сте пријавувале, го губите правото на заштита согласно закон. •Вашите лични податоци ќе се обработуваат само за целта заради која ги доставувате согласно Законот за заштита на личните податоци.
Со воспоставување на процесот за заштитено пријавување, целта на Компанијата е да обезбеди целосна, објективна и ефикасна разрешница на пријавените случаи. Ве охрабруваме да го искористите овој процес за заштитено пријавување за да имаме можност како Компанија соодветно да интервенираме, спречиме , санкционираме и превентивно да делуваме.
Доколку сакате да извршите заштитено пријавување, Пријавата можете да ја преземете ТУКА и да ја доставите до овластено лице за прием на пријави од укажувачи.
Овластено лице за прием на пријави од укажувачи: Татјана Лазаревска, e-маил адреса: TLazarevska@helpe.gr