Дел од женскиот тим на ОКТА зема учество во трката за превенција од заболувања
Дел од женскиот тим на ОКТА зема учество во трката за превенција од заболувања
(05.04.2015) - Женскиот тим на ОКТА претставен од 17 доброволци од различни возрасти се приклучија и ја подржаа Женската трка, организирана со цел да се подигне свеста за здравјето кај жените и превентивно делување против бројни заболувања, преку спорт и рекреација. Промовирајќи ја компаниската колективна и социјална одговорност и ангажман, на трката на која трчаа над 800 жени, учесничките се обединија под пораката дека никогаш не е доцна да се започне со вежбање и спорт.
Преку поттикнување на своите вработени да учествуваат во женската трка, ОКТА ја истакна важноста и улогата на една компанија во пренесувањето на позитивните вредности како кон своите вработени така и во заедницата.
Во духот на хуманоста, женскиот тим на ОКТА се претстави во унифициран изглед, со маички од нашата кампања Шанса за живот, со што уште еднаш ја потсетија јавноста за значајноста и потребата од донација за целите на кампањата.