Контакт телефон +389 (0) 2 2532 000

Мерки и препораки за заштита од вирусот SARS-CoV-2

Мерки и препораки за заштита од вирусот SARS-CoV-2

ОКТА во целост ги почитува препораките и правилата за спречување на ширењето на вирусот SARS-Cov-2 утврдени од Министерството за здравство и од другите надлежни институции. Заштитата на нашите вработени, потрошувачи и соработници е приоритет број еден на кој сме целосно посветени. Компанијата секојдневно го следи развојот на настаните предизвикани од корона вирусот и навремено ги презема сите неопходни мерки за заштита.

Ве информираме дека во таа насока се преземени следните активности:

Во седиштето на ОКТА АД - Скопје
• Вработените чие присуство не е неопходно во компанијата работат од дома
• Сите состаноци се одржуваат преку соодветни средства за електронска комуникација
• Се направи реорганизација на работните активности за да се минимизира контактот помеѓу вработените
• Поделени се заштитни маски и ракавици на сите вработени 
• Поставени се средства за дезинфекција на повеќе локации низ компанијата, како и на сите влезови
• Се врши секојдневна дезинфекција на организираниот превоз на вработените, а еднаш неделно се прави дезинфекција на сите објекти во рамките на ОКТА
• Обезбедена и означена соба за изолација во рамките на компанијата
• Се врши мерење телесна температура на сите лица што влегуваат во ОКТА
• Минимизирана е комуникацијата на вработените со возачите на цистерни, надворешните соработници, како и посета на вработените на други компании 

На бензинските станици со брендот ОКТА
• Поставени се средства за дезинфекција на соодветни локации на самите бензински станици
• Вработените се опремени со заштитни маски и ракавици
• Зголемена е динамика на чистење на сите површини

Превенцијата од вирусот SARS-Cov-2 е заедничка обврска на сите нас. За да се заштитите себеси и луѓето околу вас, Ве молиме кога ќе ги посетувате бензинските станици со брендот ОКТА, да се придржувате до следните препораки: 
• Завршете ја работата заради која што сте дошле за што е можно покусо време
• Доколку немате потреба не влегувајте во затворениот дел на бензинската станица
• Избегнувајте непотребен контакт со вработените или останатите посетители
• Користете ги дезинфекциските средства поставени на соодветно место во бензинските станици
• Одржувајте безбедно растојание од два метра од останатите посетители
• Не ги допирајте непотребно производите во продажниот простор на бензинските станици
• Избегнувајте да плаќате во кеш, препорачливо е користење платежни картички

Доколку немате неодложни обврски, останете дома, редовно одржувајте хигиена на рацете и почитувајте ги препораките на Министерството за здравство и на Светската здравствена организација.