Контакт телефон +389 (0) 2 2532 000

Јавен повик за учество на истражување на пазар (Неактивен)

Jавен повик за учество на истражување на пазар:
Јавен превоз на опасни материи во меѓународен и внатрешен патен сообраќај
 

Почитувани,

ОКТА АД - Скопје спроведува истражување на пазарот за транспортни компании кои вршат услуга „Јавен превоз на опасни материи во меѓународен и внатрешен патен сообраќај“.

Доколку како компанија сте заинтересирани да учествувате на ова истражување, ве молиме да го пополните приложениот прашалник за транспортни компании во EXCEL формат и да го испратите на овие email адреси, најдоцна до 11.12.2020. 


Контакт лица во ОКТА: 
- Александра Гаџова (AGadzova@helpe.gr) - моб. тел 076 363 096
- Тони Вељановски (Tveljanovski@helpe.gr) – моб. тел 076 344 493
- Александар Димитриевски (Adimitrievski@helpe.gr) – моб. тел 076 221 838

При овој процес ќе важат следните одредби:

1. Сите информации споделени од оваа точка надолу се сметаат за строго доверливи и се сопственост на ОКТА АД - Скопје. Забрането е секое дејствие од страните приматели, за дистрибуција на оваа информација на кој било начин и ОКТА АД - Скопје го задржува правото да го заштити својот интерес на секој применлив законски начин.

2. Сите делови во оваа анкета треба да бидат целосно пополнети. Недоставување на некоја од бараните информации, може да доведе до дисквалификација на транспортната компанија. ОКТА АД - Скопје гарантира дека сите собрани информации ќе бидат третирани како доверливи и дека како такви нема да бидат откриени на трети страни, ниту да се користат од страна на ОКТА АД - Скопје за други цели освен наведената.

3. Компаниите имаат право да побараат дополнителни информации / појаснувања за предлозите или презентација.

4. Компаниите прифаќаат дека ова истражување на пазарот не ја обврзува ОКТА АД - Скопје на ниту еден начин да ги обесштети компаниите за каков било трошок или штета која ќе ја претрпат за подготовка и поднесување на бараните информации.

5. Во истражувањето и во сите пишани комуникации се користи исклучиво македонски јазик. Компаниите треба да водат грижа да спречат какво било дејство или услови што би биле во судир со интересите на ОКТА АД - Скопје и да ги почитуваат соодветните деловни стандарди и етика.

6. ОКТА АД - Скопје не дава ветување, гаранција (директна или индиректна) на кое било лице во врска со точноста или комплетноста на кој било документ, информација или материјал, без разлика дали се напишани или усни, што биле подготвени или можат да бидат подготвени или доставени од ОКТА АД - Скопје (или во негово име), вклучително и без ограничување, економски, технички или финансиски проекции и проценки на ризик. Ниту една личност не прифаќа одговорност на кое било лице за какви било грешки, погрешни изјави или пропусти во кој било документ или какви било други информации или материјали во каква било форма.

7. Предлозите и постапките при ова истражување на пазарот се регулираат и се толкуваат во согласност со законите на Република Северна Македонија. Секоја разлика, спор или несогласување помеѓу страните што произлегуваат во кое било време, за кое било прашање поврзано со постапките на ова истражување, се упатуваат исклучиво на надлежноста на надлежните судови на Скопје, Република Северна Македонија.

8. Учесниците гарантираат дека информациите што ќе ги достават се вистинити и точни. Давање  лажни информации може да доведе до дисквалификација на компанијата или раскинување на конечно потпишаниот договор.

9. Учесниците потврдуваат дека се подразбира дека тие немаат никаква привилегија или право против ОКТА АД - Скопје поради нивното учество во овој процес на истражување.


Со почит,
Александар Димитриевски
Менаџер на Набава